Претседателот Ѓорге Иванов по потпишувањето во книгата на жалост изјави дека дошол во француската резиденција за да искаже сочувство во името на македонските граѓани за трагедијата што ја снајде Франција, но и цела Европа.
„Со огорченост и длабока тага ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз. Длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот и антицивилизациски чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски и општочовечки вредности и принципи. Во овие тажни мигови за Вас и граѓаните на Француската Република, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да упатам длабоко сочувство. Нашите мисли и молитви се со Вас и семејствата на настраданите и повредените“.
Ова го напиша претседателот на Република Маакедонија Ѓорге Иванов во книгата на жалост во резиденцијата на Франција во Скопје каде што имаше и кратка средба со француската амбасадорка Лорен Оер.
Претседателот Иванов по потпишувањето во книгата на жалост изјави дека дошол во француската резиденција за да искаже сочувство во името на македонските граѓани за трагедијата што ја снајде Франција, но и цела Европа.
– Со нашите изрази на сочувство, ние пренесуваме дека кон тероризмот треба да се има подеднаков однос и сите да не толерираме никаков акт на насилно одземање на невини човечки животи. И затоа навистина сочувствуваме со Франција и со Париз и со сите граѓани чии членови на семејства загинаа или се повередени. Ова е порака дека треба да се ангажираме да разменуваме податоци, особено превентивно да се делува со размена на чувствителни информации на службите кои ги имаат и не предупредуваат на ова и сето она што може да не снајде, рече Иванов.
Истакна дека ова што се случува во Франција не треба да се генерализира и да биде осуда на сите припадници на други религија или други региони.
– Ова е зло против човештвото и ова не е напад само на Франција, ова е напад врз целиот слободен свет и напад врз човековата цивилизација. Затоа сме солидарни со Франција и затоа сакаме да ја искажеме сета наша подготвеност дека и во вакви тешки моменти ја нудиме сета наша помош и поддршка која можеме да ја дадеме на нашите пријатели и нашите блиски во Франција, изјави претседателот Ѓорге Иванов по посетата на резиденцијата на Франција во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.