| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар во негатива од само три гола кај европскиот шампион

Во рамките од седмото коло во Лигата на шампионите во ракомет македонскиот шампион Вардар му гостува на европскиот шампион Барселона. По првите 30 минути каталонскиот гигант води со три голови разлика (16-13).
Дерби дуелот од групата Б ги оправда очекувањата бидејќи и двете екипи играат атомски ракомет со многу дуели и фантастични голови.
Барселона има предност поради тоа што Вардар неможе да најде против игра на Тунижанецот Жалус кој постигна неверојатни осум голови.
Разликата што ја направи левиот бек од самиот почеток на натпреварот кога Барселона поведе со 4-1 таа остана и до крајот на првото полувреме.
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров упати шест удари кон голот на Арпад Штребик, ниту еднаш не беше прецизен. Штребик успеа да фати осум топки од кои и двата седмерци кои ги изведоа играчи на Чави Паскал.
На спротивната страна свој ден има и голманот Варгас кој истотака одбрани осум удари.
Во второто полувреме се очекува Раул Гонзалес да ја забрза играта и да се обиде неговиот тим да постигне неколку брзи голови за да се фати резултатски приклучок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top