| четврток, 6 декември 2018 |

Парискиот обвинител даде хронологија на терористичкиот напад

France Algeria Plane-2Франсоа Моленс, парискиот обвинител во однос на билансот на нападите и досегашната истрага напомена дека уште многу прашања остануваат отворени. Пред се тој објави дека точниот број на загинатите е 129 лица ранети лица 352 од кои 89 со тешки повреди. Седум терористи се убиени.

Обвинителот хронолошки ги наброја синоќешните настани. Првите напади почнале во 21.20 со прва експлозија на стадионот во Париз во квартот Сен Дени. Таму се откриени две тела од кои едното му припаѓа на терорист кој носел експлозивен појас кој го активирал и истовремено се самоубил.

Потоа во 10 арондисман на Париз имало истрели од калашников од автомобил „Сеат“ каде што биле убиени 15 лица и 10 тешко ранети.

Следи во 21.3о втора експлозија на стадионот, најдено второ тело на терорист кој имал ист експлозив на својот појас кој го активирал и се самоубил.

francois molensПотоа во Париз нови истрели од црн „Сеат“, загинуваат 5 лица а 8 тешко ранети.

Следи напад во еден париски ресторан каде загинуваат 19 лица и повеќе ранети кои седеле на терасата на ресторанот, истрели повторно од црн „Сеат“.

Во 21.43 еден терорист се самоубива со истиот експлозив како и претходните двајца. Едно лице е тешко рането.

Во 21.40 црн автомобил „Поло“ се паркира пред Батаклан и од колата излегуваат три лица, пукаат и земаат заложници. Во салата тие извикувале реченици во кои можело да се слушне дека споменуваат Сирија и Ирак.

Во полицискиот напад кој следи тројца терористи се убиени. Еден е убиен од страна на полицијата додеја другите двајца се самоубиваат си експлозив.

Во 21.53 се случува трета експлозија и најдено е тело на уште еден терорист.

Според обвинителот, досега е сигурно дека се работи за три екипи терористи кои биле добро координирани. Истрагата сега бара нивни соучесници. Ефикасна соработка со Белгија е во тек каде што исто така се одвива полициска акција.

Моленс изјави дека терористот од салата Батаклан е индетификуван. Станува збор за лице родено 1985 година во Франција, лице познато на полицијата поради мали престапи, осудуван за нив но никогаш не бил во затвор. Податоците велат дека е регистриран во полицијата како лице кое е радикализирано.

Потоа Молинс рече дека е најден сириски пасош на име на човек кој не им е познат на француските служби но тој не потврди дека тоа лице било регистрирано на Лезбос како што можеше да се прочита на социјалните мрежи попладнево.

Сведоците потврдиле дека црн Сеат и црно Поло од Белгија му биле изнајмени на Француз со живеалиште во Белгија. Возилото било контролирано на границата со Белгија вчера и во него се наоѓале уште две лица. Со оглед на ефикасната соработка со Белгија се очекуваат резултати од истрагата која се води во Белгија. Белгиското обвинителсто отвори истрага против три лица кои живеат во Белгија и не и се познати на француската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top