| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: 8 милиони евра за изградба на втората фаза од жичницата на Водно

zicara-520x344Премиерот Никола Груевски истакна дека во подготовка се процедурите за започнување со втората фаза од жичницата, која ќе се протега од средно Водно до болницата Козле.

-Ние веќе ја подготвуваме тендерската документација и најдоцна до нова година, некаде во текот на месец декември, ќе излезе јавниот повик за изведувач на втората фаза на оваа жичница. Првата фаза беше 1560 метри. Таа беше од врвот на Водно, од делот кај што е крстот, до средно Водно. Втората фаза ќе биде 1600 метри и таа ќе биде од средно Водно до болницата Козле. Во иднина е можна и трета фаза, но сега засега одиме на втората фаза, чијашто проектна вредност е 8 милиони евра. Очекуваме некаде во декември да се објави јавниот повик за изведувач, во февруари да се избере изведувач и некаде на пролет или летото да започне изведбата на втората фаза вредна околу 8 милиони евра. Она што сакам да го потенцирам е дека видовме од првата фаза дека интересот на граѓаните за користење на жичницата е огромен и задоволството е огромно- истакна премиерот.

Тој потенцираше дека од средината на 2016, па најдоцна до крајот на 2017, се планира да се изгради уште толку колку што е досега изградено, дури и малку повеќе должина на жичницата од Водно до детската болница Козле. Жичницата на Водно е проект  кој е дел од владините ветувања за време на овој 4-годишен мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top