По терористичките напади кои се случија доцна синоќа во Париз во кој загинаа повеќе од 150 луѓе, а минимум уште толку се повредени, претседателот на фудбалската федерација на Франција Ноел Ле Гре е загрижен за организацијата на Европското првенство во неговата земја што треба да се одигра во јуни 2016 година.
– Презедовме високи безбедносни мерки, но гледате дека терористите се најголемите кукавици кои можат да нападнат во било кој момент. И претходно бевме загрижени поради Европското првенство, а сега сме уште повеќе. Сепак, сега не можам да размислувам за тоа, моите мисли се со семејствата на настраданите – изјави Ле Гре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.