По повод вечерашните координирани напади во Париз и големиот број жртви, на јавноста и се обрати и претседателот на Франција, Франсоа Оланд.
-Делови од Париз се затворени. Франција ги затвори и границите. Мора да се стави крај на ова. Нападнати сме и знаеме кои се виновниците. Мора да покажеме големина и сила и секој Французин да биде одговорен. Тие сакаат да чувствуваме страв и тоа е страшно, но мора да се мобилизираме и да надвладееме над терористите. Безбедносните сили работат и имам голема доверба во нив дека ќе не заштитат, рече меѓу другото францускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.