| четврток, 6 декември 2018 |

Овој човек ќе ги „реши“ исламистите: Тој е најмоќниот човек на Блискиот исток! Го викаат Командант Сенка!

Касим Сулејмани во службите на иранската армија се стекна со статус легенда. Во текот на борбите со Садам Хуесин стана херој, а во текот на последните години, како предводник на единиците „Кудс“ му помигна на Башар Ал Аасад да го смени текот на сирискиот конфликт.

Сега има нова задача-да ги порази исламистите во Ирак.

До неодамна за него не се знаеше ништо, а речиси беше невозможно да се најде негова фотографија.

-Сулејмани е највијателниот човек на Блискиот исток за кого никој никогаш не слушал ништо, изјави пред неколку години поранешен соработник на ЦИА, Џон Магире.

Денес тој дома е ѕвезда. Иранската телевизија за него емитува документарни филмови, а неговото лице се појавува на насловните страници на весниците.

kasem-sulejmani-foto-reuters-1444246310-757279

-Дојде време генералот Сулејмани да ги собере плодовите од својата долгогодишна работа на чело на елитните единици „Кудс“, пишува „Би-Би-Си“.

Според досега непотврдени информации, Сулејмани заедно со членовите на Револуципонерната гарда, престојувал извесно време во Багдад. Пред себе имал лесна задача. Треба да го сопре брзото напредување на борците на Исламската држава. За ирачката влада неговата помош ќе биде поважна отколку побараната поддршка од Западот.

Револуционерната гарда постои во Иран од 1979 година и организациони е надвор од армијата. ја основаше Ајатолахот Хомеини за да ја зајакне својата моќ над земјата. Во неа служат околу 125.000 луѓе, под нив спаѓа авијација и морнарица со подморници и ховеркрафти. Револуционерната гарда посебно ја контролира внатрешната безбедност на државата, а во нејзина надлежност е и произвотството на ракети.

Сулејмани за десеттина години во службата на иранските ајатоласи остави статус на лукав стратег чие влијание далеку ги надминува позициите на обичните генерали. првите успеси ги забележал по својот влез во Револуционерната града во 1979 година непосредно по исламската револуција. Иако не поминал речиси никаква обука помагал како редовен гардист во рушењето на отпорот на Курдите на северозападот на Иран.

kasem-sulejmani-4-foto-reuters-1444246555-757285

Кон крајот на септември 1980 година, кога ирачката војска го нападна Иран, Сулејмани имаше чин поручник. Во текот на војната која траеше осум години беше на линијата на јужниот фронт каде командуваше со 44. дивизија. Уште тогаш се вбројуваше во дваесетгодишници. По војната многу војници го прогласија за воен херој.

Во текот на деведесеттите години собирал искуства како командант во Револуционерната гарда во регионот Керман на југот на земјата каде го стекнал статусот и угледот на борец против трговијата со опијум која одеше кон Турција и Европа.

За време на студентските немири во 1999 година Сулејмани бил потписник на писмото на 24 високо поставени членови на Револуционерната гарда. Писмото било адресирано до тогашниот претседател Мохамед Хатани. Членовите на гардата изложија јасен став-нашето трпение е при крај. Хатами доби ултиматум: или ќе реагира полицијата или немирите ќе ги угуши армијата.

Врвот на кариерата дојде многу подоцна. На почетокот на 1998 година Силјемани беше именуван за командант на елитните единици „Кудс“ кои спаѓаат под Револуционерната гарда. Единиците, од кои сите се плашат, дејствуваат во посебни прилики, а неретко изведуваат и операции во странство.

Три години подоцна се случи нешто што дотогаш не можеше ни да се претпостави. Американците по 11 септември одлучија да влезат во Абганистан и воспоставија контакти со „непријателскиот“ Иран. Шиитскиот режим во Техеран и Вашингтон ги поврза заедничкиот непријател: радикалните сунитски Талибанци.

Иранците под водство на Сулејмани му помогнаа на Пентагон во одредување на целите за бомбардирање, а Американците благодарение на нив фатија и неколку високи претставници на Ал-Каеда. Плодната соработка, меѓутоа по неколку месеци одненадеж заврши. Тогашниот американски претседател Џорџ Буш го смести Иран за „осовина на злото“, а пет години подоцна Американците го ставија Сулејмани на листата за терористи.

kasem-sulejmani-2-foto-reuters-1444246433-757281

Дома влијанието на Сулејмани расте. Во 2011 година ајатолахот Хаменеи го именуваше за генерал. Врховниот водач на Иран и Сулејман наводно ги поврзува големо пријателство. Хаменеи своевремено водачот на единицата „Кудс“ го означил за „жив маченик на револуцијата“. Сулејмани тоа долгогодишно пријателство му го возвраќа.

Човекот чии војнички способнисти ги уважуваат и неговите противници, е, како што велат неговите соработници, секогаш мирен, единствено во исклучителни прилики го повишува тонот.

-Во просторијата може да има десет луѓе но кога ќе дојде Сулејмани не седнува со нив. Седнува на другата страна од просторијата, сам и тивок. Не му зборува никому ништо и не коментира. Едноставно само седи и слуша, му рече на репортерот на „Њујоркер“ еден од поранешните високо поставени ирански политичари.

Поранешниот раководител на израелскиот Мосад, Меир Даган, смета дека Сулејмани има и во иранската полиција исклучителна позиција.

-Има врски во секој дел на (политичкиот) систем. политички е паметен. Има односи соп секого, вели Даган.

Своето влијание, прегледот и военото искуство Сулејмани го искористи за време на граѓанската војна во Сирија. Не толку одамна армијата на сирискиот претседател Башар Асад беше во тешка дефанзива, а сунитите ги држеа клучните градови.

Иран ја прифати молбата на својот долгогодишен сојузник и испрати војници во Сирија. Тие се бореа за Асад, но под директна команда на Сулејмани. Искусниот војсководител ги искористи и своите блиски врски со раковотството на Хезболах кој под надзор на Сулејмани кон крајот на деведесеттите години ја формираше својата милиција. Либанското шиитско движење му испрати на помош на Асад илјада свои војници.

Ситуиацијата на фронтот почна полека но сигурно да се свртува. веројатно најголемата победа ја оствари владината војска и Хезболах во борбата за местото Кусар во близина на либанската граница. Сулејмани пред одлучувачката битка го повика водачот на Хезболах, Хасан Насралах и побара дополнителни две илјади борци. Овој го прифати тоа и резултатот беше целосен пораз на непријателот.

Сулејмани сега во Ирак стои пред слична ситуација. Треба да ги сопре исламистите кои продираат, слично како во Сирија со поддршка на доброволци. Според информациите на „Би-Би-Си“, иранската Револуционерна гарда веќе им помага во регрутацијата на шиитските борци кои треба да се борат заедно со армиските сили. Армиските стручњаци напоменуваат дека Сулејмани зад себе има само успеси. Ситуацијата во Иран, во следниве денови би можела да се преврти во корист на владината војска.

Единиците „Кудс“ се таен дел од иранската револуционерна гарда одговорни за операции во странство вклучувајќи и собирање на разузнавачки материјали, поддршка на преврати, обучување на странски востанички сили и атентати. Се проценува дека овие единици имаат околу 15 илјади војници и оперативци. Единиците „Кудс“ директно му одговараат на врховниот водач, ајатолахот Хеменеи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top