Се што се наоѓа во вашиот дом, на некој начин е поврзано со вашата потсвест, вашите желби и вашата иднина.
Токму зато сите предмети во домот не се од корист за вас. Треба многу да внимавате што чувате во домот, некои од предметите носат негативна енергија и затоа е најдобро да се ослободите од нив.
– Најголема штета нанесуваат старите чевли и облека, кои одамна не личат на она што биле во моментите на нивното купување. Кога домот ви е претворен во магацин за стари алишта и стари чевли, само затоа што ви е жал да ги фрлите, домот ви привлекува негативна енергија и не треба да се изненадите ако постојано се карате со блиските.
– Скршени чаши и чинии, како и тенџерињата со скршени рачки е добро да се фрлаат. Скршени чинии во кои се храните секој ден, ве полнат со лоша енергија.
– Фотографиите на луѓето со кои сте биле пријатели, но потоа сте се скарале и не разговарате со години, исто така не е потребно да стојат во вашиот дом.
– Непотребни искршени статуетки кои собираат прашина, исто така треба да бидат фрлени, бидејќи привлекуваат лоша енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.