| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на охридскиот регион:Граѓаните благодарни и задоволни од реализацијата на проекти (видео)

Премиерот Никола Груевски и денеска е во охридскиот регион. Реконструираната улица „Ристо Чадо“ не е единствен проект кој беше реализиран во охридскиот регион. Во охридската населба Видовиште Премиерот Никола Груевски излезе во пресрет на барањето за обезбедување на дом на осумдетно семејство. Според премиерот и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, ова многудетно семејство до понеделник ќе добие клучеви за нивното ново живеалиште. Во разговорите, претставникот на Египјаните Демир Далип изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата и добрата соработка со локалната самоуправа.

-Многу ви благодариме, ви посакуваме успешна работа и длабоко сме уверени дека победата е ваша. Благодарам, премиере, истакна  Далип.

Единицата за противпожарна заштита, пак, од премиерот Груевски побара да се разгледа можноста за законско регулирање и додефинирање, што беше прифатено од премиерот.

-Секоја чест. Резултатите се гледаат дел сега, дел ќе се гледаат долгорочно, истакна претставникот на единицата и побара закон за пожарство.

-Ќе видите примери и од други понапредни држави, најдобри искуства. Ќе разговарате и со фелата. Треба и поширока дебата со нив да дадат свое мислење, потенцираше Груевски во разговор со министерот Мисајловски.

Истовремено беше договорено и интервенција во инфраструктурата во охридската болничка населба.

Исто така ќе се излезе во пресрет и на барањето за изградба на додатна спортска инфраструктура во Охрид.

-Ние планираме неколку игралишта, едно на Билјанини извори и едно по договор за општината, како и спортска сала и спортски центар, истакна Груевски.

Во Лескоец каде се реализираат проекти за изградба на патна и комунална инфрастуктура во висина од 1 милион евра, Груевски разговараше на повеќе теми со граѓаните. Тие се благодарни и задоволни од реализацијата на проекти.

-Децениски проблем, децата имаа проблем со доаѓање на училиште. Сега почна реконструкција на спортската сала. Најголем проблем беше што учениците не можеа да доаѓаат на училиште, беше буквално како езерце. Голема благодарност, истакна жителка на Охрид.

Исто така Премиерот Груевски на прашање од жител на Лескоец одговори дека Владата прави напори за вработување на сите луѓе од загубарот ЕМО и решавање на овој проблем.

-55 луѓе ги презема МЕПСО, тие коишто одговараат со нивната дејност. Костал закупи дел од просториите на МЕПСО и ќе ги задржи долгорочно. Од таму рекоа дека ќе земат околу 50-60 луѓше од постојните луѓе и ќе дојдеме до 110 луѓе. Преостанатите педесетина има компанија заинтересирана да земе дел од објектите на ЕМО кои не се користат и таа би вработила околу 50-60 луѓе, потенцираше премиерот.

По Лескоец, премиерот го посети населеното место Велгошти каде жителите се заблагодарија за изградената спортска сала.

Граѓаните на Велгошти изразија голема благодарност до премиерот за изградба на салата и додадоа дека се надеваат и на уште поголеми дела.

Градоначалникот Бакрачевски истакна дека ќе се направат напори за обезбедување на средства за реконструкција на културниот дом.

Исто така на средбата беше договорено и изградба на улицата „Александар Турунџиев“ која што треба да почне најкасно во првата половина на следната година и градоначалникот Бакрачевски образложи до каде е изработката на планска урабнистичка документација која се работи за прв пат за овој регион.

-Улицата  „Александар Турунџиев“ е предвидена во програмата за реконструкција и асфалтирање. По завршување на сите постапки предвидена е во 2015 или почеток на 2016 да се реконструира, истакна градоначалникот Бакрачески.

-Кога ја презедовме општината наидовме на ситуација каде ниедно село во Охрид немаше урбанистички план. Ние почнавме да ги работиме сите села, истакна Бакрачески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top