| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионскиот тандем на Црвена звезда повторно заедно!

Големите ѕвезди на поранешниот југословенски фудбал Дарко Панчев и Дејан Савичевиќ ја искористија посетата на популарниот Дејо во Скопје за да се сретнат и да поразговаат во пријатна атмосфера.
Савичевиќ, кој е претседател на фудбалската федерација на Црна Гора, дојде во Скопје со репрезентацијата на неговата земја и ја искористи можноста да се види со македонската Кобра.
На едно место вакви големи фудбалски ѕвезди што ја освоија титулата во Купот на Европските шампиони, подоцна Лигата на шампионите во 1991 година, е вистинска реткост да се видат во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top