Поп-пејачката Елена Ристеска е горда тетка на својата преслатка внука Делфина. Е сега, општо познато е дека тетките ги обожаваат своите внуци, не ги караат, туку само ги играат и ги сакаат… И најмногу ги разгалуваат децата на своите сестри и браќа. Ништо поинаква не е ни тета Елена, која овој пат реши да се пошегува на сметка на Делфина објавувајќи фотографија на која девојченцето направило гримаса со која потсетува на холивудскиот актер Џим Кери во култната комедија „Глупав и поглупав“.
-Кој е Џим Кери – напиша Елена во коменарот на фотографијата, на што се надоврза нејзината колешка Каролина Гочева, која кратко искоментира: Ја стави, не издржа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.