| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу навивачките групи на „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“

Тепачка претходела на синоќешниот кошаркарски меч помеѓу вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички.

femili aerodrom

Група од 20 до 25 навивачи на центарци се издвоила и продефилирала низ населбата Аеродром во близина на Капитол Мол и движејќи се низ населбата имала блиска средба со дел од навивачката група на МЗТ Скопје во близина на бензинската станица на Окта на булеварот „Србија“.

Од извори блиски до „Република“ имало повеќе повредени лица  од двете навивачки групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“. За сето ова не знаела полицијата и не интервенирала.

Инаку вчерашното вечно дерби заврши со победа на актуелниот шампион МЗТ Скопје со 90-85.

cpb

фото: фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top