Комисијата за етика на ФИФА, одлучи да го казни со парична казна и да упати официјално предупредување на потпретседателот на УЕФА, Анхел Марија Вијар, кој во моментов го заменува претседателот Мишел Платини.
Прес-службата на ФИФА објави дека Вијар е казнет со 25 илјади швајцарски франци, бидејќи го прекршил етичкиот кодекс на организацијата, одбивајќи да соработува во истрагата за изборот на домаќините на Светските првенства во 2018-та и во 2022-та година, кои ќе се одржат во Русија и во Катар.
Подоцна, тој сепак ја промени одлука и се согласил на соработка. Претседателот на комисијата Јоаким Екер изјави дека казната е толку мала, токму поради променето решение на Вијар во корист на истрагата.
Во октомври Вијар, застана на чело на Организацискиот комитет на ФИФА за подготовките на Мундијалот 2018 на местото на Платини, на кој му се забранети секакви активности во фудбалот во период од 90 дена. Исто така Комисијата за етика на шест месеци го дисквалификува, Мајолас, потпретседателот на Фудбалската федерација на Конго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.