Со просек од 3.770 калории дневно, Австријците се народ што најмногу јаде во светот, покажааа денеска објавените статистички податоци на Организацијата за економска соработка и развој.
Никаде на друго место во светот не се јаде толку колку во Австрија, пишуваат австриските медиуми, коментирајќи ги статистичките податоци.
На второ место се САД, каде што граѓаните дневно внесуваат 3.733 калории, за 40 помалку отколку Австријците.
Сепак, кога станува збор која нација телесно е најдебела, Американците се на прво место, а Австријците веднаш зад нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.