| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе помогне ли да ослабнеме? Нов експериментален метод за замрзнување на апетитот

Смрзнување на нервите кои до мозокот пренесуваат сигнали дека сме гладни може да го намали апетитот и така да помогне при слабеење, покажа новата студија.

Во истражувањето на алтернативното слабеење, доктор Дејвид Пролого, радиолог од Универзитетот Ејмори и неговите колеги замрзнале одреден нерв кај 10 лица со вишок килограми. Тие го исполнувале услловот за желудочен бајпас. Игрлата со која целеле на нервот била исполнета со гас кој ја замрзнува иглата и околните нерви, пишува „Тајм“.

Докторот Пролого вели дека зафатот трае 30 минути и е безболен. Истиот зафат се користи на различни нерви за сузбивање на хронична болка.

Почетното испитување покажало дека на лицата им се намалил апетитот, а некои од нив ослабнале. Кај 53 отсто значително им се намалил апетитот, 17 отсто изјавиле дека чувстува помалку глад, а 30 проценти дека имаат помала желба за јадење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top