| четврток, 6 декември 2018 |

Брачна двојка направила совршен дом од стар автобус (фото)

По се изгледа дека американскиот сон се менува со секоја генерација, а поради високите трошоци за живот и желбата за едноставност се повеќе млади Американци се решаваат за живот во минијатурни куќи.

20151112074558_336009

Така и младата брачна двојка, Џули и Ендрју, откако газдата им ја зголемил киријата решиле да ги спакуваат куферите и од автобус да создадат нивен дом.

Нивниот целосно обновен  школски автобус го сместиле покрај езеро  на 30 минути возење од Атланта. Благодарение на креативните решенија за складирање и мини функционални елементи, се во куќата има свое место и своја намена.

Со прекрасната природа која ги опкружува и удобниот ентериер  каков што создале, животот во автобус за оваа двојка и нивните домашни миленици беше одлука поради која не зажалиле. Ида, автобусот е во возна состојба, така што се слободни да го преместат нивниот дом каде и да посакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top