| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на документарен филм за Росоман

Продукцијата „Мариово филм” почна со снимање на документарен филм за Росоман…

Општинската служба за информирање соопшти дека ќе се снима на повеќе локации, а целта на проектот е да се промовира културното наследство и историјата на Росоман.

Во филмот Росоман ќе се промовира како место на земјоделството и на економскиот развој.

Градоначалникот Стојанче Лазов рече дека Росоман е најголем производител на праски во Македонија и од нивната општина се околу еден процент од светското производство на овој вид овошје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top