| четврток, 6 декември 2018 |

Со македонска премира на „Три дена во спетември“ почна 14. издание на „Синедејс“

Со македонска промоција на „Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски синоќа во „Милениум“ официјално почна 14. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“кој ќе трае до 21 ноември.

По фестивалите во Монтреал, Чикаго и во Котбус (Германија), дебитантскиот долгометражен филм на Пејовски беше премирано прикажан пред македонската публика.

– Од оваа публика имаме најмногу трема – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот од „Скопје филм студио“.

cinedays4

Пејовски го напиша сценариото заедно со Игор Иванов – Изи. Филмот е трилер базиран на карактери, а не на акција. Филмот од Аген­ци­ја­та за филм доби 200.000 евра, максимален износ за поддршка на де­би­тант­ски филм, и 49.000 евра од косовскиот продуцент “Иконе студио”.

tri dena vo septemvri

Главните ликови ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски и Адем Карага, а дел од филмот се и Салаетин Билал, Милица Стојанова, Александар Микиќ, ди­рек­тор на фотографија е Димо Попов, сценограф Снежана Поњаниќ – Муча, кос­ти­мог­раф Емилија Ивановска – Атанасовска, а музиката е на Александар Пејовски.

11219046_895883177154381_5175346865131336742_n

Пред почетокот на проекцијата, Фестивалот беше отворен со настап на бендот „Мугер фугер“.

фото: МКЦ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top