Американската војска изведе воздушен удар во Сирија, целејќи кон милитантот од Исламската држава Мухамен Емвазиј, познат како Џихади Џон.
Џихади Џон навдодно бил лоциран во еден автомобил, кој бил во постојан надзор на Американците, па го убиле.
Смртта на Британецот се уште не е потврдена.
-Во овој момент ги разгледуваме резултатите од синоќешната операција и на адекватен начин ќе дадеме информации – наведе секретарот за медиуми на Пентагон, Питер Кук.
Според податоците нападот е изведен во Раки, главниот град на самопрогласениот калифат ИД, во северна Сирија.
Инаку џихадистот Џихади Џон учествувал во низа на „видео“ егзекуции во кои се отсекувани глави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.