| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ се мачи да собере пари за Турција

јункерЕвропската унија треба да направи се за да може да и обезбеди на Турција три милијарди евра за борба со миграциската криза, изјави денеска во Валета претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

– Имаме проблем со финансирањето и се надеваме дека ќе го решиме во следните осум дена. ЕК може да обезбеди 500 милиони евра, а државите членки треба за две години да ги соберат останатите 2,5 милиони евра. Тоа е тешко, но треба да се обезбеди потребната сума од 3 милијарди евра, изјави Јункер на прес конференција.

Според него, прашањето треба да се реши до крајот на ноември за кога е закажана средбата на врвот меѓу ЕУ и Турција и да се потпише договор со Анкара.

Јункер изрази незадоволство од темпото на распределувањето на 160-те илјади мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top