Сите изведувачи да ги собереш од Скопски, не се поголеми ѕвезди од Дунавка денеска – напиша на свјот фејсбук профил македонскиот пејач Александар Тарабунов, откако Скопскиот фестивал поминува во сенка на македонската мисица Дунавка Трифуновска.
Инаку 18 изведувачи ќе настапат на престојното издание на „Скопски фестивал 2015“ кој ќе се одржи вечерва во „Метрополис арена“.
Честа прв да го отвори фестивалот ја има младиот идол Виктор Апостоловски со песната „Прости ми“, а по него следуваат В.Илиевски и Ј.Димчевска, Мартин Мила, Маја Вукичевиќ, Сара Мејс, групата „Ај Кју“, Иван Раденов.
На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат и младите поп-ѕвезди Даниел Данн, Симона Поповска, Јана Бурчевска, Мики Секуловски, Ања Ветерова.
Меѓу последните шест изведувачи се најдоа Александар Белов, Џина Папас Џокси, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Елена Петреска и како последен ќе настапи Горан Наумовски.
Годинава победникот на фестивалот нема да биде и претставник на Македонија на „Евровизија 2015“.
Фестивалот има натпреварувачки карактер каде првопласираната песна ќе добие 600.000 денари, втората 450.000 денари, а третата 300.000 денари.
За победниците на фестивалот ќе одлучуваат гласовите од телевоутингот и стручното жири.
Како специјални гостинки на фестивалот најавени со поп-пејачките Елена Ристеска и Тамара Тодеска, а водител на манифестацијата ќе биде актерот Васил Зафирчев.
Наградата за животно дело ќе му биде доделена на легендарниот композитор и изведувач Славе Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.