Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на министерската конференција на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, која денеска и утре ќе се одржи во Прага под покровителство на Министерството за надворешни работи на Чешката Република, како актуелен претседавач со Вишеградската група.
Покрај министрите за надворешни работи на земјите од Вишеградската група (Чешка, Полска, Словачка, Унгарија), Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и Словенија и Хрватска, се очекува, како специјални гости на конференцијата да учествуваат и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс и министерот за надворешни работи на Велика Британија, Филип Хамонд, соопшти Министерството за надворешни работи.
Главни теми на конференцијата ќе бидат миграцијата, проширувањето и регионалната соработка, а предвидено е и потпишување на основачките документи на Фондот за Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.