| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 17 џихадисти во Европа

Италијанската полиција денеска соопшти дека уапсила 17 лица во различни европски земји, во заедничка акција на полицијата против осомничените членови на терористичката група.

italija-policija-epa-main

 

Во соопштението не се наведени деталите на операцијата со шифра „ЈВЕБ“, со забелешка дека ќе бидат објавени подоцна на конференцијата за печат, на која ќе биде кажано како се уапсени осомничените за меѓународен тероризам.

Портпаролот одби да соопшти колку осомничени се уапсени во Италија, само нагласи дека меѓу нив немало Италијанци.

Имено, локалните медиуми соопштуваат дека италијанската полиција навела дека се уапсени 17  Курди, за кои е издадена потерница.

Генералот на карабињерите Џузепе Џовернале изјави дека во операцијата учестувале истражители од Велика Британија, Норвешка, Финска, Германија и Швајцарија.

Италијанската полиција соопшти дека нападот е извршен на мрежно поврзани џихадисти кои наводно планирале да го извадат својот лидер од затворот во Норвешка и наведува дека шестмина се уапсени во Италија, четворица во Велика Британија и тројца во Норвешка. Неколкумина од нив патувале во Сирија за да се борат на страна на џихадистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top