Музејот на македонската борба се приклучува кон одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември, преку весело дружење со дечињата од детската градинка „13 Ноември“ од Скопје. Покрај прошетката низ музејските поставки, малечките гости на музејот, ќе проследат и настап на драмската секција на ОУ Вера Циривири – Трена од Скопје специјално подготвен за оваа прилика.
Веселата атмосфера ќе ја дополнат и постојаните пријатели на музејот – учениците по етнокореологија од МУБ „Илија Николовски – Луј“.
Настанот ќе се одржи на 13 ноември (петок) со почеток во 10.30 часот, во Музејот на македонската борба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.