| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович почнува реконструкција, прв на листата е Кристијано Роналдо!

Roman-Abramovic-C_8826204x3-600x450

Роман Абрамович рускиот милијардер и сопственик на Челси, по разговорите со менаџерот Жозе Мурињо реши дека ќе му даде уште една шанса на Португалецот по лошите резултати од почетокот на оваа сезона во Премиерлигата.
Откако Мурињо успеал да го убеди Абрамович дека за сето тоа се криви фудбалерите, Абрамович решил да направи поголем рез во играчкиот кадар и да доведе неколку нови имиња.
Рекострукцијата на тимот би почнала уште во јануари, а треба да заврши до крајот на летниот преоден рок со цел да тимот подобро да се подготви за следната сезона.
Азар, Фабрегас, Диего Коста и Матиќ се дел од играчите за кои се најавува дека ќе го напуштат „Стемфорд бриџ“, на Абрамович му е јасно дека ќе биде неопходен целосен ремонт на екипата, па затоа и цели многу високо, најавувајќи дека ќе се обиде во Челси да го донесе Кристијано Роналдо.
Португалецот не е најсреќен во Реал Мадрид, комуникацијата со останатите фудбалери никогаш не му била полоша, а веќе ја нема ниту поддршката од Флорентино Перез.
Сепак за да го направи тоа Абрамович најпрвин треба да добие зелено светло од „кралскиот клуб“ за да отпочнат преговорите, но сепак извори блиски до претседателот Флорентино Перез говорат дека тој е подготвен да се откаже од најдобриот светски фудбалер, доколку пристигне соодветна понуда.

kristijano ronaldo

ПСЖ досега се споменуваше како најсериозен кандидат, но Абрамович е подготвен да стапи на сцена и да стори се Кристијано да дојде на „Стемфорд бриџ“. Челси би понудил 100 милиони фунти за услугите на Португалецот, кој би добил и плата од над еден милион фунти месечно, што би требало да биде сосема доволно за да се убеди Роналдо на камбек во Премиер-лигата.
За многумина проблем би претставувала новата соработка на Роналдо со Мурињо, кои имаа затегнати односи пред заминувањето на „специјалниот“ од Реал Мадрид, но Абрамович тука смета на помошта на менаџерот Хорхе Мендез, кој ги застапува и фудбалерот и тренерот, за средување на несогласувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top