| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Смртноста на трудниците и на родилките намалена за 50 проценти

трудна

Смртноста на жените поради проблеми поврзани со бременоста е намалена за речиси 50 проценти во последните 25 години, соопштија денеска ОН и Светската банка.

Според извештајот на ОН, само девет земји успеаја да ги постигнат Милениумските цели поставени од страна на ОН.

Според извештајот, до крајот на 2015 година смртноста на мајките ќе се намали за 44 проценти во однос на 1990 година, изјави Лале Сај, координаторка за репродуктивно здравје и истражување во Светската здравствена организација.

– Тоа е огоромен напредок, но тој не е изедначен во различни земји и делови на светот- прецизира Сај на прес-конференција.

Земјите-членки на ОН во рамки на Милениумските развојни цели се обврзаа дека ќе ја намалат смртноста на трудниците и родилките за 75 проценти во 2015 година, но таа цел ја постигнаа само девет земји, додека во 39 е забележан „значителен напредок“. Најголем напредок е забележан во Азија и Африка, потенцираше Сај.

Имено, од клучно значење е добрата хигиена за време на потребните интервенции, давење на хормонот окситоцин веднаш по породувањето што би се спречило крварењето и потенцијалните проблеми како хипертензија предизвикана од бременоста.

ОН се стремат да ја намалат стапката на смртност на трудниците и родилките  за помалку од 70 на 100.000 родени деца до 2030 година.

Според докторот Бабутунде Осотимехин, извршен директор на Фондот на ОН за население, за да се постигне целта потребно е да се зголеми бројот на акушерки и да се подобри обуката на другите здравствени работници кои се достапни на трудниците и родилките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top