| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон имал сообраќајна несреќа во Монако

00575904

Луис Хамилтон подоцна пристигна во Сао Паоло и ја пропушти првата закажана прес конференција, што веднаш ги поттикна бразилските медиуми да претпостават дека шампионот нема да се натпреварува во недела.
Од Мерцедес објаснија дека тој не се чувствувал добро во последните неколку дена и тоа е причината за неговото отсуство.
Хамилтон сепак ги зеде работите во свои раце и на „Инстаграм“ објави фотографија како патува со својот авион. Луис напиша дека всушност бил болен, но му се случила и сообраќајка во Монако.
– Сакам да го објаснам молкот на социјалните мрежи во последните неколку дена. Не се чувствував добро, кренав температура, но освен тоа во понеделникот вечер доживеав и сообраќајна несреќа во Монако. И покрај тоа што тоа не е работа што треба да ги интересира другите, постојат луѓе кои штом ќе разберат, ќе се обидат да извлечат корист од ситуацијата и да заработат пари. Нема проблеми и никој не беше повреден, што е најважно. Навистина, автомобилот е оштетен и имав лесен контакт со друг застанат автомобил.

Откако разговарав со тимот и мојот лекар, заедно одлучивме дека најдобро ќе биде да останам дома, да се одморам и да тргнам еден ден подоцна. Веќе се чувствувам подобро и во моментов сум во мојот авион на пат за Бразил. Ве информирам за сето ова, бидејќи мислам дека човек треба да сноси одговорност за своите постапки. Сите правиме грешки, но најважно е да извлечеме поука од нив и да ги надминуваме. Со нетрпение го чекам викендот во Бразил, напиша Луис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top