| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски во посета на Охрид

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе оствари посета на Општина Охрид, каде ќе присуствува на поставување камен-темелник за изградба на затворен базен во спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“.

Подоцна Груевски ќе го посети Институтот за филм – Филмска академија Охрид и ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструирана улица „Ристо Чадо“ со изградена фекална канализација и тротоари во населба Видовиште и ќе оствари средба со жителите на населбата.

На пладне вадината делегација ќе оствари средба со жителите на село Лескоец и село Велгошти.

Груевски ќе изврши и увид во градежните активности за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top