Универзитетот за туризам и Менаџмент Скопје е домаќин на делагација турски готвачи кои ја претставуваат елитата во турското кулинарство. Со ова практично отпочна реализацијата на проектот “Македонија – домаќин на елитатата на турската гастрономија и кулинарство”, бидејќи беше објавена соработката со ТАШВЕД – Турската Федерација на готвачи, која ја предводи специјалниот гостин од Турција – г-дин Јалчин Манав – Претседател на ТАШВЕД.
Деканот на Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент Доц. Д-р. Сашко Граматниковски, ја истакна потребата од реализација на проекти низ кои се поттикнува соработка со практичари кои се во врвот на светското кулинарство и угосителство. Едукативната цел на проектот е дотолку поголема со оглед на взамната размена на искуства што ја надополнуваат сликата на интеракција на двете блиски и богати култури.
За Адријана Алачки, автор на проектот „Вкусот на традицијата“, проектот е резулат на природен развој на редовната комуникација и досегашната соработка со ТАШВЕД, што датира од 2011-та, со желба да се истражи традиционалоната и модерната турска кујна.
-Сега влегуваме во понапредна фаза низ која на оваа моќна турска Федерација ќе да им ги презентираме македонските ресурси и потенцијали, со што веќе можеме да ги зацврстиме темелите на богатата идна соработка. Токму настаните кои сега се случуваат се огледало на сериозните намери на турската и македонската страна за поблиска и континуирана соработка, рече таа.
Јалчин Манав во своето обраќање ја презентираше за работата на ТАШВЕД, како моќна Федерација во која членуваат 17 организации, а една е од членките на ВАЦС (WACS) – Светската Федерација на готвачи. Тој ја истакна неоходноста од едукација и потребата од проекти преку кои ќе се разменуваат ускуства и ќе се остварат контакти, но и ќе се отворат портите за поактивна соработка на полето на кулинартсвото и угостителството а што уште повеќе ќе ги зближи двата народа и секако ќе влијае на туризмот на обете земји.
Г-дин Манав ја истакна за извонредно значајна можноста за запознавањето на македонската традиционална и современа кујна, и изрази голем интерес за запознавање на ресурсите во туризмот на Македонија. Воедно, тој ја потенцираше потребата од врвна едукација на работниците во туризмот, угостителството и кулинарството, при што објави дека во Турција веќе се при крај подготовките за отворање на Академија на готвачи.
Делегацијата која во Македонија ја предводи г-дин Јалчин Манав се состои од дел од најнаградуваните турски готвачи: Ведат Башаран, Ејуп Кемал Севинч, Ердем Дирбали, Јавуз Хошкал, Кадир Јилмаз, Мурат Сали, Онур Арслан, Онур Карачај и Јатих Јарбаши. Покрај врвните готвачи сите главни шефови во престижни ресторани, дел од делегацијата се менаџери на хотелите Тујап Палас, Корин Хотел, Отоман Империал Хотел, Мерит Хотел и Казино во Фетие и рестораните Матбах, Хамди и Нар Локатаси. Како белег на турската традиција доаѓаат г-дин Насух и главниот менаџер на компанијата Сини Бурек и Баклава.
Во текот на посетата, ќе бидат реализарани предавања и едукативни средби на Универзитетот за туризам и менаџмент, додека вториот ден од посетата е планиран за еднодневна практична работа во вид на соработка со дел од македонските најдобри готвачи кои заедно со главните шефовои од Турција ќе подготвуваат специјално мени за настанот Вечер на турска гастрономија кој ќе се одржи на 12-ти ноември во хотелот Холидеј Инн.
За време на петдневното гостување на делегацијата од Турција, покрај посета на угостителски објекти во Скопје, опфатена е посета на хотели и ресторани во Битола, Охрид, Струга, Гостивар и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.