| четврток, 6 декември 2018 |

Централна свеченост во библиотеката „Браќа Миладиновци“ по повод 70 години постоење

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, денеска (четврток, 12.11.2015 година) со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи Централната свеченост по повод големиот јубилеј на Библиотекта- 70 години од постоењето.

На свеченоста е предвидено обраќање на градоначалниокот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски. Програмата предвидува доделување на пофалници на истакнати работници за особен придонес во работата и развој на Библиотеката и плакети на Град Скопје и Министерството за култура на Република Македонија. Во рамките на програмските содржини ќе се одржи промоција на монографијата 70 години градска библиотека. Монографијата ќе ја промовира проф. д-р Виолета Мартиновска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top