Од 14 до 20 ноември во Младинскиот културен центар ќе се одржи манифестацијата „Денови на ирански филм“. Свеченото отворање е закажано за 14 ноември во 21 часот со свечена церемонија и во присуство на истакнати ирански филмски работници: режисери, актери…По отворањето ќе биде прикажан филмот „Ice era“ од Mustafa Kiayee.
Во останатите денови од ревијата љубителите на филмската уметност ќе може да погледнат седум филмови од иранска продукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.