Лидерите на Хамас во Газа ја предадоа куќата на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат на официјалните лице од неговата партија Фатах, со намера таа да биде претворена во музеј.
Куќата на Арафат беше затворена од кога исламистичката група Хамас ја презеде Газа во 2007 година, откако во крвавите улични судири падна палестинската власт, а Фатах дојде под водство на наследниот на Арафат, Махмуд Абас.
На свеченото предавање на Арафатовата куќа пред годишнината од неговата смрт, присуствуваа претставници од сите палестински струи.
Последната година од животот, Арафат под опсада на Израел, живееше во претседателскиот комплекс во Рамала на Западниот брег, а откако во 2004 година се разболе, 75- годишниот лидер беше пренесен во Франција, каде истата година и почина.
Неговата куќа, во близина на безбедносниот комплекс под контрола на Хамас, полна е со предмети кои Арафат ги користел – стари монитори, фотокопир-машина, униформи и семејни фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.