| четврток, 6 декември 2018 |

За колку време избледува страста?

Ако страста мора да избледи, вечното прашање е за колку време се случува тоа?

maz-zena

Истражувањето на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен спроведено врз 3.000 жени и мажи покажало дека партнерите значително губат желба за секс по само една година заедно.

Германските научници не знаат што точно се случува, но велат дека одговорот би можел да се крие во различната јачина на либидото – со текот на годините машкото либидо не слабее, а женското стивнува.

На припадничките на понежниот пол некои други фактори им стануваат поважни од страста, како што се верноста, довербата, грижливоста и искреноста, па во сексуална смисла полека се оддалечуваат од партнерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top