Овен
Понекогаш, жените родени во овој знак се премногу независни. Тие не сакаат да бидат „врзани“ за едно место или една личност. Сакаат слобода и сакаат веднаш да го добијат тоа што ќе го посакаат. Понекогаш ќе заборават да одговорат на порака, а понекогаш пак не мислат дека има потреба да и се јавуваат на саканата личност и постојано да и кажуваат што се случува. Но, штом се заљубат, нивниот карактер малку се менува и тие се смируваат. Се учат на рутината и немаат проблем да споделуваат важни нешта со партнерот.
Шкорпија
Жените родени во овој знак знаат да чуваат бес што значи дека ако ги изнервирате, можат да не зборуваат со вас дури и со денови. Нема да имаат проблем да ви се изнавикаат, па дури и целосно да го прекинат пријателството или врската ако тоа не им носи ништо добро. Тие не се плашат да останат сами, а особено доколку откријат дека другата страна е плитка и не можат од неа да очекуваат поддршка и подлабоки разговори.
Стрелец
Ова е најнезависната жена во хороскопот. Тие не сакаат врски и ако веќе одлучат да бидат со вас, тоа значи дека многу им значите. Понекогаш имаат проблем да ја покажат љубовта, а најдобро функционираат кога се сами. Стрелците не се навикнати да бидат дел од тим и затоа им е потребно многу време да се приспособат на тоа дека се во врска. Тие треба да научат да го отворат своето срце, да зборуваат за своите чувства и да сфатат дека врската е составена од две личности, а не една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.