| четврток, 6 декември 2018 |

Закана за подметната бомба во возот Софија – ­Солун

­ Меѓународниот брз воз на релација Софија­-Солун, денеска беше принудно запрен на железничката станица во Благоевград, по добината анонимна закана дека во него е поставена експлозивна направа.

solun

 

Како што јави БТА, по добиената закана возот бил запрен во Благоевград и согласно безбедносните процедури сите 60 ­тина патници биле принудени да ги напуштат вагоните.

Прес-­службата на „Холдингот Бугарски државни железници“ соопшти дека по извршениот претрес од страна на специјализираните служби, возот го продолжил патувањето со 51 минута задоцнување.

Пред заминувањето на возот, од композицијата бил откачен последниот вагон, кој останал на железничката станицата во Благоевград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top