Светските медиуми овие денови објавуваат контроверзни детали од приватниот живот на пејачката.
Според пишувањата на некои медиуми, семејниот пријател и човекот кој ја чувал Бијонсе бил дилер и наркозависник, а нејзиниот татко Метју Ноулс, кој долги години и беше и менаџер, исто така бил вплеткан во валкани бизниси со перење пари и во препродавање дрога.
Во својата нова книга, која 63-годишниот Метју планира да ја објави наскоро, тој планира да ги открие сите детали кои претходеле на успехот на неговата популарна ќерка, а несомнено е дека во книгата ќе открие уште некои шокантни детали.
Метју честопати ја изневерувал и својата сопруга Тина, која во налетите на беспомошност и очај побарала помош кај семејниот дилер.
Метју и Тина кои се разведоа во 2011 година, покрај Бијонсе ја имаат и ќерката Соланж (29). Менаџерот од своите вонбрачни врски ги добил синот Никсон (6) и ќерката Кои (4).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.