Новоизбраниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево ја презеде функцијата од претходниот министер Митко Чавков, соопшти МВР.
Во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска беше извршено примопредавање на должноста министер за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го презеде кабинетот од претходниот министер Митко Чавков, се вели во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи.
Спасовски денеска на собраниска седница беше избран за министер за внатрешни работи, согласно постигнатиот политички договор од Пржино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.