| четврток, 6 декември 2018 |

Деветмина мртви во авионска несреќа во Охајо (ФОТО)

Plane Crash-Apartment Building

Девет лица загинаа во несреќа со мал авион што се урна во станбен кварт во местото Акрон во Охајо, соопштија локалните власти.

Малиот авион, „хокер“, што летал кон аеродромот Фултуон во Акрон, закачил една станбена зграда која се запалила, по што локалните жители останале без струја.
Plane Crash-Apartment Building
На местото на несреќата излегло возило на итна помош и пожарникари, кои и натаму се обидуваат да го изгаснат пожарот.

2985

Во меѓувреме, пожарот зафати уште една станбена зграда, но набрзо е ставен под контрола.

Меѓу жителите нема жртви ниту повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top