| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за директорката на Работнички универзитет

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(54), директор во Работничкиот универзитет „Пере Тошев“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Пријавената, во текот на 2015 година, во Работничкиот универзитет неовластено организирала и држела курсеви за стручно занимање „вршители на земјоделска дејност“ на вкупно 17 лица кои уплатиле по 7.000 денари на жиро-сметката на Работничкиот универзитет.

На таков начин, пријавената противправно прибавила имотна корист од 119.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top