Рускиот план за регулирање на сирискиот конфликт циркулира во ОН, пренесе БиБиСи.
Москва предвидува во блиско-источната земја да се спроведат уставни реформи. Промените во основниот закон на засегнатата од граѓанска војна веќе над четири години Сирија, се очекува да траат 18 месеци.
Потоа се предлага спроведување на претседателски избори. Во документот сепак не се наведува името на Башар Асад, додава британскиот медиум и претпоставува дека Москва, која е меѓу главните подржувачи на сегашниот сириски претседател, ја повлекла својата поддршка за власта во Дамаск.
Во исто време се појави информација дека групи од умерената сириска опозиција ќе учествуваат во следната рунда преговори во Виена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.