| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на 13 лица е во кома, а жена му преживеала

Љубиша Богдановиќ, кој утринава изврши масакр во српското село Велика Иванча убивајќи 13 лица, е во кома, а неговата сопруга преживеала. Во масакрот Богдановиќ уби едно бебе, a го уби и својот син. Неговата сопруга, за која беше соооштено дека починала, сепак, е жива, со прострелна рана во вратот и е на интензивна болничка него, пишува српскиот весник „Блиц“.

убиец србија

Вкупно 12 лица беа убиени на местото на инцидентот, а едно им подлегнало на повредите по приемот во Ургентиот центар во Белград.

Трагедија се случила кога Богдановиќ (60) со пиштол во неколку куќи убил пет мажи, шест жени и едно двегодишно момче, а потоа се обидел да се убие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top