Македонскиот репрезентативен центар Предраг Самарџиски по пауза од две сезони повторно ќе настапува во турскиот шампионат. Откако летово не го продолжи договорот со македонскиот шампион МЗТ Скопје, потпиша краткорочен престој со српскиот тим Мега Лекс се додека не дојде поволна понуда. Тоа очигледно се случило неделава бидејќи неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ на неговиот твитер профил објави дека Пеѓа се сели во тимот на Бујучекмеџе.
Ова ќе биде четврто враќање во Турција за високиот центар каде претходно настапуваше за тимовите на Олин Едирне, Мерсин и Анкара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.