Поделбите меѓу Источна и Западна Европа јасно се појавија, откако британскиот премиер Дејвид Камерон побара Брисел да и даде на Велика Британија право да се однесува дискриминаторски кон имигрантите од други земји од Европската унија, со тоа што откажува да им овозможи некои социјални бенефиции во текот на првите четири години од нивниот престој на островот, пишува во „Дејли телеграф“.
Полска, Словачка и Чешка реагираа со неодобрување на барањата на Камерон, кои ако бидат прифатени од Брисел, ќе ги подложат на дискриминација нивните граѓани и ќе бидат во спротивност со принципот на еднаков третман, кој стои во договорите на ЕУ, истакнува весникот. Од четирите земји од Вишеградската четворка, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, само Унгарија не се спротивстави на предлозите на Камерон.
Според цитирани од „Дејли телеграф“ унгарски дипломатски извори, реакција на Будимпешта ја одразува моќта на односите меѓу британскиот премиер и унгарскиот конзервативен премиер Виктор Орбан, кој може да се покаже како клучен сојузник во преговорите.
Во предлозите на Камерон немаше изненадувања, правна заштита за земјите кои не се дел од еврозоната, зајакнување на конкурентноста и поголеми овластувања за националните парламенти, но барањата за реформи во социјалната област беа идентификувани како доста проблематични од портпаролот на Европската комисија.
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц отиде уште подалеку, велејќи дека се сомнева во законитоста на четиригодишната забрана за пристап до социјална помош за граѓани на ЕУ, но ќе почека да види какви се конкретните предлози на Лондон, забележува весникот.
Додека земјите од источниот дел на ЕУ протестираа, водечките сили во заедницата, вклучувајќи ги Германија, Франција и Италија, реагираа по смирено, но истакнаа дека Камерон не ја исклучил можноста за прифаќање на алтернативни начини за спроведување на неговите барања за намалување на стимулациите за доаѓање на работници од други земји од ЕУ во Велика Британија.
Камерон со својот говор вчера го означи почетокот на суштинските преговори за бараните реформи во ЕУ, но според аналитичарите критичниот момент ќе настапи со судирот меѓу загриженоста на земјите од Источна и Централна Европа и одлучноста на водечките сили во заедницата, Франција, Германија и Италија, да го спречат излезот на Велика Британија од блокот.
Од консултантска фирма прогнозираат дека е малку веројатно приговорите на помалите држави да спречат постигнување на договор, забележува „Дејли телеграф“.
Камерон е подготвен да ги ублажи најконтроверзните аспекти на својот план за реформи во ЕУ, што покажува дека премиерот е склон кон по мека позиција во преговорите, кои имаат за цел да ја задржат Британија во заедницата, наведува „Гардијан“.
Оваа негова подготвеност предизвика остри критики од евроскептиците. Конзервативните пратеници ја обвинија владата дека ја отфрла историска можност да преговара за односите на Велика Британија со ЕУ, откако министрите дадоа знаци за склоност кон флексибилност во врска со плановите за ограничување на пристапот на имигранти од ЕУ до некои социјални бенефиции во Велика Британија.
Стратегијата на Камерон за победа на референдумот, на кој тој се надева дека Велика Британија ќе гласа „за“ останување во заедницата, е да се претстави како човек во средината, меѓу двете крајност „за“ и „против“ ЕУ, пишува во „Индипендент“ .
Во обид да ја освои довербата дома и силни позиции за преговори во ЕУ, тој ја остава отворена можноста да поддржи излегување од заедницата, ако европските партнери одбијат да ги прифатат понудените од него реформи.
Сепак, малкумина пратеници на конзервативците можат да го замислат премиерот како води кампања против членството во ЕУ.
На ист начин, на други лидери од ЕУ им е тешко да замислат дека Британците ќе гласаат за напуштање на заедницата.
– Нашиот најголем проблем е да ги убедиме дека заминувањето на Велика Британија е можно, призна британски офицер, цитиран од весникот.
Со својот говор Камерон сакаше повеќе да ја освои поддршка од ЕУ, отколку да ги смири евроскептиците меѓу британските конзервативци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“