Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров и оваа година е номиниран за ракометар на годината според специјализираниот ракометен портал „Планет хендбол“. Лазаров е номиниран во годината во која стана европски првак со Барселона и беше втор најдобар стрелец во Лигата на шампионите зад Момир Илиќ.
Ласло Наѓ од Веспрем, Жарко Марковиќ, кој со Катар освои сребро на мундијалот, и Алекс Душебаев од Вардар се тројцата ракометари кои се противкандидати на Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.