Едно лице загина во сообраќајка несреќа која денеска околу 16 часот се случила на патот Македонски Брод-Самоков, кај селото Манастирец.
Според првичните информации во несреќата учествувале автомобил „лада“ со прилепски регистерски ознаки и амбулантно возило од Клиничката болница во Кичево.
Ви несреќата на лице место животот го загубил возачот на „ладата“, Драги С., додека лицата кои се наоѓале во амбулантното возило се полесно повредени.
Полициски екипи вршат увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


