| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на МКЦ ги кани сите на полн пансион во хотел „Синедејс“

Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), организатор на 14. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“ облече брендирана маичка со логото на Фестивалот и на комплексот факултети кај Бит Пазар меѓу студентите ја подели програмата на „Синедејс“.

„Хотел Синедејс нуди полн пансион од 12 до 21 ноември” е најавата за годинешниот Фестивал. На филмското мени има повеќе од стотина филмови, селектирани во неколку програми, а богата е и придружната програма со концерти, работилници, промоции и со панел дискусии.

12227214_1098214243521988_2248790392367327267_n

Меѓу гостите на „Синедејс“ се актерите од годинешниов победник во Кан „Дипан” на Жак Одијар, а ќе присуствуваат и екипите на сите филмови од програмата на “СинеБалкан”.

12208750_1098214126855333_6312063598896168600_n

Првпат на Фестивалот ќе се доделат две парични награди од по 5.000 евра за филови од официјалната и од „СинеБалкан” селекцијата.

11254694_1098213940188685_7357936382607920225_n

Билетите чинат по 150 денари за проекциите во “Милениум”, 100 за во “Фросина” и слободен влез за во Џебното кино. За студентите влезницата ќе биде за 50 денари поевтина.

12188234_1098214210188658_8521599619297468705_o

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top