Почина поранешниот германски канцелар, Хелмут Шмит, пренесе „РИА Новости“.
Тој вчера бил примен во болница со висока температура. Денес лекарите соопштија за смртта на својот пациент, кој беше на 96 години.
Шмит е роден во 1918 година во Хамбург. Служел во армијата на нацистичка Германија и учествувал во битката кај Сталинград (1942-1943 година). Подоцна бил пратен на Западниот фронт и го дочекал крајот на Втората светска војна како воен заробеник.
Шмит по војната станува член на Германската социјалдемократска партија. Тој пред да стане канцелар, зазема различни позиции во управувањето на Хамбург и во Владата на Западна Германија.
За време на управувањето во Бон, Шмит се соочува со проблемите со нафтената криза и со активностите на екстремно-левичарската група „Фракцијата Црвена армија“ која извршува редица злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.