| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец со невообичаен гест помага за зголемување на наталитетот во Србија

Пекарницата „Кај Македонецот“, која се наоѓа во Крагуевац, секојдневно бесплатно дели оброци за трудници.

99114_pekara-hleb_orig

Славољуб Тотиќ од Скопје, кој е сопственик на пекарницата, во изјава за „Блиц.рс“ вели дека кај Македонците е традиција да се поклонува за да тргне работата. Својата пекарница тој ја отворил на почетокот од месец ноември годинава.

-Одлучив по еден бесплатен оброк да им делам на трудниците, затоа што од медиумите се информирав дека Србија има проблем со наталитетот, па така на овој начин сакав да го дадам својот придонес – изјавил Тотиќ.

Секој ден во пекарницата по 10 до 15 трудници добиваат бесплатен оброк.

2009-bosnia-may-16-20-035

-Трудниците најчесто сакаат да јадат бурек и македонска пастрмајлија од пилешко и од свинско месо – вели тој.

Славољуб има 38 години и истакнува дека со пекарство се бавеле и неговите прадедо, дедо му и татко му, а тој ја продолжил семејната традиција.

Засега, како што кажал, само тој се преселил во Крагујевац, додека сопругата и двете деца сѐ уште живеат во Скопје бидејќи, како што навел, децата се мали.

20151109-pekarata-kod-makedonca-vo-kraguevac-so-odlichna-ponuda-za-svoite-klienti-m

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top