Голгетерот на Наполи, Гонзало Игуаин е најголемата цел за трансфер на Челзи, за зимскиот трансфер прозорец.
Менаџерот на лондончани, Жозе Мурињо, кој во моментов останува на функцијата и покрај сите шпекулации за негово разрешување, сака по секоја цена нов голгетер, бидејќи едно од најголемите разочарувања во составот на шампионите оваа сезона е Диего Коста.
Шпанскиот репрезентативец од почетокот на сезоната има само два гола во Премиер лигата, а и доста често е повреден.
Престојот на Радамел Фалкао на „Стемфорд Бриџ“, исто така, засега може да биде оценет како целосен неуспех.
Евентуалниот трансфер на Игуаин сепак изгледа пореален за остварување дури во текот на летото. Сепак Мурињо ќе направи обид да го земе уште во јануари, се разбира доколку португалецот сеуште да биде тренер на Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.