Од вчера Лионел Меси започна да тренира со топка, што е трета фаза од неговото закрепнување. Досега напаѓачот на Барселона се лекуваше во домашни услови, но во иднина секој ден ќе тренира.
Засега тој ќе продолжи да ја следи индивидуалната програма, додека останатите негови соиграчи тренираат заедно.
Каталонскиот весник уверува дека, Лео ќе игра само кога ќе биде 100% подготвен и ниту за миг нема да се ризикува неговото здравје.
Сите продолжуваат да ги бројат деновите до дуелот со Реал Мадрид на 21 ноември, но каталонците гледаат во перспективата и проценуваат дека, учеството на Меси во овој натпревар не е толку важно, колку што е важно тој целосно да закрепне и да ја доигра сезоната, наместо да се ризикува да добие нова повреда, која ќе го задржи за подолго време, далеку од теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.